Македонија 17. февруари 2020. / 12:07

Џафери: Згрешив за Законот за Советот за ЈО, мислам дека не е крај на светот

Џафери: Згрешив за Законот за Советот за ЈО, мислам дека не е крај на светот

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во врска со вчерашното носење на Законот за јавно обвинителство и повтореното гласање, откако во првото гласаа 74 пратеници шест помалку од неопходните 80, по што Џафери го поништи, рече дека законот е донесен во соодветна процедура.

До тоа дошло, тврди Џафери, затоа што пратениците се пожалиле дека не можеле да гласаат поради проблем со техниката по што тој им овозможил.

Во врска со другата забелешка на ВМРО-ДПМНЕ дека и Законот за Советот за јавни обвинители не е донесен бидејќи требал да се гласа со бадентерово мнозинство, а тоа не се случило, Џафери рече дека се работи за негова грешка.

– Јас укажав пратениците да се подготват да гласаат со Бадентер, но сфатив дека сум во грешка. Тоа е моја грешка. Официјалниот дел од сценариото, кој што е архивиран е дека законот е изгласан без Бадентер, а така е впрочем и според Уставот. Основниот закон е донесен без Бадентер и дополнувањата се носат без Бадентер. Тоа може да се потврди и со листингот на гласање. Да, јас згрешив. Мислам дека не е крај на светот ако човек каже, да јас згрешив – рече Џафери.