Македонија 26. декември 2019. / 13:05

Џафери: Не може да има ратификување на протоколот за НАТО со одложено дејство

Џафери: Не може да има ратификување на протоколот за НАТО со одложено дејство

Претседателот на Собранието Талат Џафери е оптимист дека до крајот на мандатот на овој парламентарен состав ќе се изгласа членството на земјата во НАТО.

Џафери смета дека се зависи од Шпанија и од форимирањето на шпанската влада, која, пак, треба да го достави Протоколот во шпанскиот парламент. Сето ова треба да се заврши до средината на февруари кога нашето Собрание треба да се распушти за изборите на 12 април.

За најавите дека Собранието би можело да го усвои овој документ со одложено дејство, Џафери вели дека тоа не можно и оти не треба да се прават споредби со примерот на Црна Гора.

– Таму имаше друг случај. Франција и Холандија го имаа донесено протоколот само што тој не беше стапен во сила. Затоа Црна Гора го усвои членството за НАТО порано. Но, како ние ќе гласаме со одложено дејство без Шпанија да го има донесено Протоколот. Што ќе гласаме? – праша Џафери.

Собранискиот спикер нагласува дека сето тоа не претставува никаков проблем и дека следниот парламентарен состав ќе го усвои Протоколот за членство во НАТО.