Македонија 17. јуни 2020. / 15:42

Џафери: Албанска поддршка за мнозинството што ќе прифати премиер Албанец

Џафери: Албанска поддршка за мнозинството што ќе прифати премиер Албанец

Носителот на листата на ДУИ во петтата изборна едеиница и досегашниот спикер во Собранието, Талан Џаери, на денешната прес-конференција испрати порака дека се откажуваат од ексклузивотетот на идејата за премиер Албанец на Република Македониј. Но, истовремено испрати и јавна понуда до сите политички партии од албанскиот блок.

-Ајде да оформиме заедничка платформа, заедничка декларација, да дадеме завет, дадеме беса пред граѓаните дека сите ние, избраните пратеници во следното Собрание, ќе се обврземе дека ќе ја дадеме политичката доверба на она мнозинство во Собранието, кое ќе ја прифати и ќе ја реализира оваа идеја. Тоа е сериозна понуда, тоа е храбра политичка одлука, но ве уверувам, тоа е најдобриот начин да ја вратиме довербата на Албанците во политиката, во нас, политичарите, дека без разлика на нашите несогласувања, во клучните моменти, за клучните прашања, имаме капацитет и доблест да се обединиме во интерес на граѓаните, изјави Џаери.

Тој додава дека нудат премиер Албанец, а не по секоја цена премиер од ДУИ, што претставува силно подадена рака пред сè до партиите на Албанците, заеднички да застанат зад оваа идеја.