Македонија 21. ноември 2018. / 21:02

Дулови: Заев го гласаат Албанците зошто им го исполнува законот за јазиците, а ДУИ не ја сфаќаат сериозно

Дулови: Заев го гласаат Албанците зошто им го исполнува законот за јазиците, а ДУИ не ја сфаќаат сериозно

Анализирајки ги односите во владината колиција, новинарот Лирим Дулови дава една своја анализа за поддршката која СДСМ и премиерот Заев ја имаат кај албанците, како и за евентуалната нивна алтернатива.

-Ајде да збориме за тоа што има испорачано до сега. Одлучноста на Заев да го исполни крајното барање на Албанците, а тоа е НАТО и Европската Унија, тоа го ценат гласачите Албанци. Второ чекаме во однос на јазикот како ќе заврши, се уште има надеж дека Законот за употреба на албанскиот јазик ќе биде имплементиран- вели Лирим Дулови, новинар и уредник во денешното гостување во Топ тема на ТВ Телма.

Тој додава дека Албанците не гледаат сериозна алтернатива во ДУИ на Али Ахмети.

-Значи алтернативата на ДУИ е деконцентрирана значи во Села, БЕСА, ДПА, БЕСА на Касами и затоа не гледаат една сериозна алтернатива кај Албанците, опозиционите настроени гласачи за да можат да го казнат ДУИ и затоа им прелив на гласовите од Албанците кај СДСМ- додава Дулови.