Македонија 26. јуни 2020. / 15:36

ДУИ во одбрана на д-р Зибери: Кандидатурата на првиот премиер Албанец им го замагли видот и умот на политичките опоненти

ДУИ во одбрана на д-р Зибери: Кандидатурата на првиот премиер Албанец им го замагли видот и умот на политичките опоненти

Демократската Унија за Интеграција остро го осудува постапувањето на министерот за здравство Венко Филипче против директорот на Институтот за јавно здравје во Скопје Арбен Зибери, мотивирано врз дневнa политичка цел, одмазда и во функција на парламентарните избори.

Ова политичко постапување на Филипче директно го загрозува здравјето на граѓаните и главната институција во борбата против Ковид-19 и загрозува илјадници граѓани. Кандидатурата на Насер Зибери за прв премиер Албанец им го замагли видот и умот на политичките опоненти кои не бираат средства за борба против еден Албанец на чело на институциите и на Владата, и по цена на загрозување на јавното здравје на граѓаните. Овој недоличен, брутален и популистички акт со елементи на етничко влијание и политичка одмазда е порака за сите Албанци, за целата албанска дијаспора и сите други граѓани. Ова постапување е неприфатливо бидејќи е мотивирано против семејството на албанскиот кандидат за премиер, затоа казната за овие антиалбански постапки ќе се даде на 15 јули од граѓаните на ова земја – велат од ДУИ.