Македонија 04. февруари 2019. / 12:08

ДУИ не го подржува СДСМ и ќе остави фер битка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на претседателските избори

ДУИ не го подржува СДСМ и ќе остави фер битка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на претседателските избори

Во вчерашната емисија „Во Центар“ Васко Ефтов ја анализираше политичката состојба во Македонија во очи на претседателските избори и кажа дека ДУИ не го подржува СДСМ за претседателските избори.

Имено, Васко Ефтов објасни дека ДУИ ќе остави фер битка меѓу двете најголеми политички партии во Македонија ВМРО ДПМНЕ И СДСМ .
Понатаму, во анализата тој појасни дека ДУИ прв пат оваа недела ја оставила отворена можноста да заедно со претседателските избори да има и парламентарни избори на што укажува дека ДУИ секогаш и во минатото сакале да бидат неутрални кога се рамноправни ВМРО И СДСМ.

Ефтов потенцираше дека ДУИ ќе сака СДСМ И ВМРО ДПМНЕ политички да се конфронтираат за на крај да одбере со која политичка партија ќе коалицира. На крај Ефтов појасни дека ДУИ е на некој начин незадоволна од коалицијата со СДСМ односно дека коалициијата меѓу нив е на стаклени нозе.