Докторката Светлана Лазаревска-Гогоска, која јавно им се закани на сите оние кои нема да излезат да гласаат на референдумот, дека нема да ги лечи, се повлекува од социјалната мрежа Фејсбук.
Видливо дека во Македонија се е поместено па и вредностите на луѓето. Додека не станеме норално место за живеење јас се повлекувам од сите мои активности на фб. Им благодарам на големиот број пријатели, навистина голем број и тоа вистински кои или јавно или во инбокс ми даваа поддршка храбро да ја издржам вчерашната невистина што вмровците ја измислија и ја ширеа за мене- напиша докторката и се збогува со ФБ-активизмот.
Од мене ќе следуваат санкции за бојкотирачите кои јадат леб од државни инситтуции – се закани претходно на Фејсбук докторката Лазаревска-Гогоска, која работи во поликлиниката Букурешт.
Гоговска е само лекар кој не е на раководна функција, па од тука следува дека единствена “санкција“ која може да им ја даде на оние кои не излегоа на референдумот е да не ги лечи.
Како што дознава Економски Лидер, Светлана Лазаревска – Гогоска е префрлена во Здравствениот Дом Поликлиника Букурешт од 16.07 годинава а претходно работела во Гостивар.
Во описот на нејзиниот фејсбук профил, таа наведува дека никогаш не им ги заборава имињата на своите непријатели.
Останува на лекарската фела и нејзиниот совет на честа да одлучи дали доктор кој јавно упатува вакви закани, треба да биде на ваква функција. Економски Лидер очекува реакција и од Министерството за Здравство, од каде пак пред референдумот се заканија дека доколку тој не успее ќе имаме неквалитетни вакцини.