Македонија 27. септември 2018. / 18:44

Доколку се сочувани идентитетот и јазикот, тогаш зошто македонскиот јазик не е преведен на англиски, туку стои македонски на латиница?

Доколку се сочувани идентитетот и јазикот, тогаш зошто македонскиот јазик не е преведен на англиски, туку стои македонски на латиница?

Во Брисел денеска е македонскиот тим предводен од вицепремиерот, Бујар Османи и министерката за правда, Рената Дескоска. Практично со оваа прва средба почнува скенирањето на Македонија по области, по што во јуни следната година ЕУ треба да донесе одлука дали ќе прецизира датум за почеток на преговори.

И се ќе беше во ред доколку на таблата македонскиот јазик беше напишан како македонски, односно со англиски превод, macedonian. Но, наместо macedonian македонскиот јазик е напишан makedonski, или само на латиница.

На македонската јавност цело време и се кажува пак дека јазикот и индентитетот се зачувани, дали после ова денес во Брисел, навистина е зачуван?