Додека премиерот Зоран Заев ужива во скијачките центри во Германија, македонските граѓани се гушат поради екстремно загадениот воздух.
Деновиве воздухот во Македонија е енормно загаден, а институциите речиси и ништо да не преземаат во врска со тоа.
По еден часот, претходната вечер, Скопје, се најде на првото место во светот, како град со најзагаден воздух. Индексот на загадување беше 430, а на врвот на листата беше во друштво со градови од Индија, Пакистан. Четвртото место му припадна на Бангладеш, а петтото на Косово.
Вчера мерната станица поставена на општинската зграда во Прилеп покажа 1012 ПМ-10 честички на метар кубен.
Во соопштение на министерството за животна средина, пак, вчера прагот на ПМ-10 честичките беше надминат и во Битола, Тетово и Струмица.
Според страницата за квалитет на воздухот „Ер Вижуал“ неколку македонски градови и моментално се наоѓаат високо на листата на најзагадени во светот.
Инаку Заев за време на зимскиот одмор користи службено обезбедување, соопшти прес-службата на Владата. Оттаму додаваат дека трошоците му се платени од негова приватна сметка.