Македонија 13. декември 2020. / 14:19

ДИК: До 13:00 во Штип излегле 16,6 отсто од гласачите, во Пласница 22,35 проценти

ДИК: До 13:00 во Штип излегле 16,6 отсто од гласачите, во Пласница 22,35 проценти

На денешните предвремени избори за градоначалник на Општина Штип до 13:00 часот гласале 6938 гласачи, односно 16,61 отсто, а на изборите за прв човек на Општина Пласница – 1107 избирачи, односно 22,35 проценти, соопшти претпладнево Државната изборна комисија (ДИК).

Гласањето ќе трае до 19 часот, а по она што може да се види, излезноста за сега е релативно ниска. На предвремените Парламентарни избори ова лето, во Штип до 13 часот веќе гласале 13697 лица или 33% од гласачите.

За изборите во Штип да бидат прогласени за успешни, потребно е да се надмине прагот од 13,920 гласачи.