Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во вечерашното гостување на „24 анализа“ заедно со пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири рече дека власта дека не решила ниту еден случај од судските процеси и додаде дека направиле „театар од судењата“ и дека ниту едно не е разрешено.
–Никој не бара амнестија, случаите што се почнати во законски предвидениот рок треба да се продолжат, оние кои се почнати по тој рок може да се користат како индиции. Имаме чист однос кон таа работа – изјави Димовски.
Тој потенцираше дека СДСМ преку СЈО си игра кадрова комисија на ВМРО-ДПМНЕ.
–Сите што им сметаат, или што им сметале и што мислат дека треба да бидат уценети и што сакаат да им се одмаздат си ги ставале во одредени предмети. Знаеме ние и кој министер од СДСМ бил задолжен за пренесување на списокот до Катица Јанева на тие лица – изјави Димовски.