Македонија 15. февруари 2020. / 18:34

Димовски: Брзате со смена на името на АРМ, таквата обврска со „Преспанскиот“ се уште не е настаната

Димовски: Брзате со смена на името на АРМ, таквата обврска со „Преспанскиот“ се уште не е настаната

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски апелира да не се брза со промена на името на АРМ зашто тоа не е обврска согласно Преспанскиот договор уште најмалку пет години.

Измените во Законот за одбрана, кој пратениците треба да го гласаат утре, предвидуваат промена на социјалниот и правниот статус на Армијата, а со Законот се менува и името на Армијата на Република Македонија во Армија на Северна Македонија.

-Немојте да го менувате името. Не морате. Таква обврска со Преспанскиот договор се уште не е настаната. Според Договорот, името може да се смени пет години по почнувањето на преговорите во поглвјето за безбедност, а тоа веројатно нема да се случи во наредните седум години. Брзате, а со тоа правите штета на државата, нагласи Димовски.