Министерот за надворешни работи Никола Димитров во целост се сложува со мислењето на бугарскиот премиер Бојко Борисов, дека е потребно „зреење на македонскиот народ“.
Борисов ваква изјава даде пред неколку дена во Брисел, каде посочи дека Македонците треба уште да зреат за да добијат датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, јавија бугарските медиуми.
Димитров посочи дека опозицијата требало да созрее.
-Тие имаат уште многу работи да поправат. Да не ме разберат погрешно, но додека се спори дали Гоце Делчев е Бугарин, дали е Бугарин-таа малопродажба на едни херои, кои реално се бореле за Бугарија и за Македонија, за родниот крај, и најубавите песни се поврзани со нив…И опозицијата постајно ќе ме потпрашува што прави комисијата…Нека созреат. Не можам тоа да го дозволам. Бугарија стори се и тие се вивнаа кон небото. Сега тие требало да прават компромиси во комисијата и антибугарска реторика! – рече Димитров.