Во Вашингтон денеска се одржува состанокот на НАТО на ниво на министри за надворешни работи, на кој прв пат, во својство на „поканета земја” ќе учествува и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Димитров имаше и обраќањето на настанот „NATO Engages: The Alliance at 70”.
-Силни сме колку што ни е силна армијата и економијата и колку што ни се силни демократските институции. Но, силни сме и толку колку што имаме пријатели! Никогаш веќе нема да одиме сами. Со нас ќе бидат 29 НАТО сојузници – еден за сите, сите за еден!-рекол Димитров.
Како што соопшти МНР, Димитров денеска дискутирал и со грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос во врска со улогата на лидерството во надминување на историски разлики.
Претходно, Димитров остварил средба со државниот секретар Мајк Помпео на која тој му ја пренел силната заложба на САД за приклучување на Северна Македонија во Алијансата до крајот на годината.