Македонија 22. јануари 2019. / 13:23

Димитров се сретна со Лорингхофен: НАТО во фокусот

Димитров се сретна со Лорингхофен: НАТО во фокусот

Можноста за размена на информации поврзани со пристапниот процес на Република Македонија за членство во НАТО, и за идентификување на можностите и начините за зајакнување на соработката со Алијансата, била фокусот на денешната средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров со помошник на Генералниот секретар на НАТО за разузнавање и безбедност, Арндт Фрајтаг фон Лорингхофен, кој престојува во работна посета на Република Македонија.

На средбата, како што соопшти Министерството за надворешни работи, двајцата соговорници ја констатирале досега успешната соработка, подвлекувајќи ја притоа важноста за зајакната комуникација во периодот што претстои, кој е, како што било потенцирано, особено важен за Република Македонија, кога се очекува успешно заокружување на пристапниот процес и членство на земјата во НАТО.