Македонија 01. декември 2018. / 18:59

Димитров открива: Ако го прифатевме ова име немаше да го менуваме уставното

Димитров открива: Ако го прифатевме ова име немаше да го менуваме уставното

Министерот за надворешни работи, на денешната собраниска седница, истакна дека Грците ни понудиле да се викаме „Централно Балканска Република“ со тоа што ако ја прифатиме оваа промена името Македонија би можело да остане за внатрешна употреба, пренесе Фактор.

Димитров на денешната собраниска расправа за утврдување на нацрт амандманите, реплицирајќи им на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ објави дека актуелната власт не би морала да „се расправа“ денес со уставни измени доколку прифатела назив „Централно Балканска Република“ за надворешна употреба.

-Можевме да не навлегуваме во домашна употреба, да има помал опфат, ако имаше име „Централно Балканаска Република“. Но тоа не е добро, името постои и за другите како нас ќе ни се обраќаат. Од една страна имаме продолжување на предизвиците на тоа кои сме. Не случајно немаме ниту еден документ со ЕУ потпишан на македонски јазик или документ каде се спомнува јазикот. Од другата страна имаме отворање на врата, членство во НАТО, почеток на преговори со ЕУ и не само тоа. Предизвикот дали сме македонски народ не постои врз основа на овој договор. Ова е крај на истата илинденска борба која ја споменувате, да си ја зацврстиме државата. – рече Димитров.