Никола Димитров, министерот за надворешни работи беше гостин во Топ тема на Телма Телевизија, а таму говореше за политичката ситуација.
Се осврна на Договорот со Бугарија и работата на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија, и спорот кој настана за Гоце Делчев, па вели тој не бил историчар за да кажува дали Гоце бил Бугарин.
– Јас не сум историчар, а тука станува збор за еден од нашите најголеми херои, длабоко втелемен во нашата државност, кој дејствувал и кога не сме имале своја држава. – рече шефот на дипломатијата.
Тој додаде дека идентитетско-културните прашања треба да бидат предмет на историчари и антрополози, кои ќе ги имаат предвид двете перспективи.
– Тука, кај Гоце, процесот не оди така мазно, има проблеми на имплементација на еден важен и тежок Договор. Решението е да не влеземе во конфликт, туку да најдеме начин ние да ги разбереме нив и тие да не разберат нас. – додава тој.