Македонија 25. јули 2019. / 22:17

Димитров: Комитетот за надворешни односи во Сенатот на САД го ратификуваше нашето членство во НАТО

Димитров: Комитетот за надворешни односи во Сенатот на САД го ратификуваше нашето членство во НАТО

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, преку Фејсбук фотографија со Филип Рикер сподели дека поминала ратификацијата за нашето членство во НАТО во Комитетот за надворешни односи во Сенатот на САД.

В.д. помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер и поранешен амбасадор во Македонија денеска беше во посета на нашата земја.

Помина ратификацијата за нашето членство во НАТО во Комитетот за надворешни односи во Сенатот на САД. Наздравје со Фил Рикер, за идното сојузништво! – сподели министерот Димитров преку Фејсбук.