Министерот за надворешни работи Никола Димитров, утрово, беше гостин во утринската емисија “Ја сакам Македонија” на Сител телевизија.
Димитров информираше за текот на кампањата за референдумот и за расположението на граѓаните, да илзлезат или не на 30 септември.
Одлуката на референдумот, како што кажа министерот ќе влијае врз сите граѓани.
-За мене нема поголема патриотска должност, ако имате проблем кој што ви ја затвора вратата пред вас, да го решите, да го тргните, за да поминете, истакна Димиторв.