Македонија 11. септември 2019. / 11:24

Детали од лидерската средба: Заев се борел да не одговара за „Рекет“ и да ги спаси бизнисите на Вице

Детали од лидерската средба: Заев се борел да не одговара за „Рекет“ и да ги спаси бизнисите на Вице

Извори од вчерашната лидерска средба говорат дека премиерот Зоран Заев се борел, новиот оддел од Обвинителството да не ги гони за случаите „Рекет“, поткуп на Вартоломеј и тендерите на генералниот секретар на Владата Драги Рашкоски.

Премиерот, наводно, бил загрижен и за скандалите поврзани со неговиот брат Вице и евентуалната правна разрешница. Тој рекол дека нема да дозволи да бидат отворени случаи против него.

Според изворите, Заев бил нервозен поради „Рекет“ и инсистирал новото СЈО да го води обвинителката Вилма Рускоска. Потоа, во еден момент Заев рекол дека дозволува новиот обвинител да го предложи опозицијата, но, доколку тој не го прифаќа на крај државниот обвинител Љубомир Јовески да одлучи кој ќе биде обвинителот.

Ова не било прифатено од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, од опозицијата брифираат дека е лажна вест дека воопшто се разговарало за стопирање на случаите на СЈО против поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

По седум часови разговори, лидерите не успеа да постигнат договор.