Македонија 03. октомври 2020. / 07:48

Денеска протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправди, реваншизам, политичко насилство

Денеска протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправди, реваншизам, политичко насилство

ВМРО-ДПМНЕ денеска попладне ќе излезе на нов протест против, како што најавуваат, неправди, реваншизам и политичко насилство.

Ова е втор протест на оваа тема, откако претходниот го одржаа пред една недела. За разлика од минатиот, кога маршираа од Министерството за правда до Основниот кривичен суд во Скопје, денеска протестот ќе заврши пред Основното јавно обвинителство.

„Министерот за неправда наместо да прави реформи, јавно се заканува и им прејудицира казни на сите што не мислат како Заев. Тоа е таа Заев неправда по рецептот јавно да се најавуваат пресудите и од страна на Заев и од страна на министер за правда и од страна на обвинители и судии. Мафијата работи по принципот – мафија те тужи, мафија те суди“, пишува во најавното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Почетокот на протестот е закажан во 18:30 часот.