Демонстрантите кои протестираат денеска пред Собранието против уставните измени го повикаа претседателот, Ѓорге Иванов, да им се придружи.
-Ќе и порачам на полицијата дека ни ја делат улицата. Оваа е наша улица. Не треба да ги брани тие 120 предавници. Го повикуваме и Иванов да протестира со нас. Да ги предупреди и да не го продаваат македонското – рече Драган Угриновски од „Македонија блокира“.
Луѓето кои се собраа пред Собранието велат дека се подготвени до одат до крај со нивните протести и барања.
Зад протестот стојат здруженијата „Tврдокорни” и „Македонија блокира“. Во меѓувреме во Собранието секој момент се очекува да почне пленарната седница за третата и последна фаза од уставните измени.