Премиерот Зоран Заев попладнево во Брисел го одржа состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација, со кој годинава претседава тој.
Заев пред двоецот Хан – Могерини ги презентира достигнувањата на земјава во процесот на реформите, што се спроведуваат на патот кон отпочнување преговори со Европската унија.
Со петнаесеттиот Совет за стабилизација и асоцијација меѓу Република Северна Македонија и ЕУ, копретседаваше високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и се смета за прв прелиминарен тест на динамиката на реформската агенда, која е концетрирана во трите столбови – безбедносно -разузнавачкиот систем, јавната администрација и правосудството.
Во состав на владината делегација се и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.