Македонија 22. ноември 2019. / 10:02

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Mицкоски ќе присуствува на Конгресот на ЦДУ во Лајпциг

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Mицкоски ќе присуствува на Конгресот на ЦДУ во Лајпциг

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес заедно со потпретседателот Александар Николоски, членот на Извршниот Комитет Владимир Ѓорчев и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски ја продолжуваат својата меѓународна активност присуствувајќи на Конгресот на Германската владејачка сестринска партија ЦДУ кој се одржува во Лајпциг, соопштуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека ќе бидат остварени и повеќе билатерални средби како што е со Јохан Вадефул – Координатор на Пратеничка Група на ЦДУ/ЦСУ; Торстен Фреи, Заменик Координатор на Пратеничка Група, Петер Бејер, Пратеник на ЦДУ и член на Комисија за надворешна политика.

-Инаку на Конгресот на ЦДУ ќе се расправа за утврдување на политички постулати за следниот период на дејствување. Ќе се отвораат теми поврзани со економски и социјални политики во Германија, дејствувањето на Германија во ЕУ како и стратешки надворешно политички приоритети – велат од партијата.