Македонија 30. август 2020. / 16:26

Дарко Костовски: Го пониживте македонскиот народ и еден ден тој ќе ви пресуди

Дарко Костовски: Го пониживте македонскиот народ и еден ден тој ќе ви пресуди

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски најави жестока дебата, по смирувачкиот говор на неговата сопартијка Гордана Силјановска Давкова.

Едeн од основните начела на СДСМ е еднаковост, особена онаа економската. Да нема класно раслојување, но како одговор на ова ја создадовте ологархијата, првото сериозно класно растројување, со трупање на богатство кај неклкумина. Ја спороведовте најлошата транзиција во Европа. – рече Костовски.

Костовски истакна дека и ВМРО-ДПМНЕ создало своја елита, која сега соработува со СДСМ.

Си се најдовте по приоден пат. Но, не оди левичар со еден бренд како Витон. Го направивте Скопје како од филмовите за Ал Капоне. Овие евтини криминалци ви ги полнат штабовите и ви ги бркаат чесните членови на СДСМ. – рече Костовски.

Тој ги спомена и неколкуте скандали на владејачката партија, како и скандалот со радмила Шеќеринска која се поклонувала пред знамето на УЧК, рече Костовски, на сметка на ртвите од војната од 2001.

Го пониживте македонскиот народ и еден ден тој ќе ви пресуди. – рече Костовски.