Македонија 10. март 2021. / 13:54

Дали Заев со изјавите за МИ 6 го загрози НАТО безбедносниот сертификат?

Дали Заев со изјавите за МИ 6 го загрози НАТО безбедносниот сертификат?

Дали јавното признание на премиерот Зоран Заев дека за набавка на вакцините против корона вирусот разговарал и со луѓе од британската безбедносна служба МИ 6 претставува уште еден удар врз безбедносниот кредибилитет на државата и го доведува ли во прашање добивањето на својот НАТО безбедносен сертификат?, прашува во својата анализа „Пресинг ТВ“.

 

Самата изјава дека како премиер контактирал со разузнавачка служба е во најмала рака контроверзно, затоа што според безбедносните процедури таквите контакти мора однапред добро да бидат осмислени, а и задолжително да се направи белешка за таквите контакти. Ова е значајно затоа што едно од прашањето на безбедносниот прашалник за добивање безбедносен сертификат е дали сте имале контакти со странски разузнавачи и разузнавачки служби, и доколку сте имале мора да го одговорите ова прашање и да наведете кога и зошто, и што се разговарало. Впрочем, затоа е потребно и да се направи белешка од таквата средба, вели универзитетскиот профеоср Александар Нацев за Пресинг ТВ.