По излегувањето во јавност на скандалот за коруптивен тендер во МВР за набавка нови пасоши и други лични документи, во кој, според пишувањето на медиумите се отуѓени речиси 20 милиони евра од буџетот, со став се огласи министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, кој најави ефикасна истрага.
Чулев вели дека дека ќе биде испитано спроведувањето на секоја постапка за набавка за да се утврди дали има какви и да било неправилности.
– Во однос на пишувањата на одредени медиуми за незаконист во постапката за набавка на пасоши, тоа што во моментов можам да потврдам е дека во рамки на Министерството за внатрешни работи во тек е интерна постапка која треба да утврди дали постојат одредени елементи кои укажуваат на можни злоупотреби при набавката на патни исправи. За сите недоследности кои би се утврдиле ќе биде покрената соодветна постапка за што јавноста ќе биде информирана – вели министерот Чулев.
Како што објави порталот „Вечер“, манипулацијата при спорведувањето на набавката е извршена со нецелесно пополнети документи и образци слично како што е направено и во случајот со Клиничката болница во Штип.