Македонија 05. септември 2017. / 15:03

Чукалевска: Општина Новаци во изминатиов период оствари многу европски проекти

Чукалевска: Општина Новаци во изминатиов период оствари многу европски проекти

Можеме да се пофалиме со многу сработени европски проекти, нашата општина иако има мал број на жители, таа изобилува со огромна територија која има богато историско наследство што ни оди во полза при аплицирањето и добивањето на овие европски проекти, изјави на денешната панел дискусија Катерина Чукалевска претставник од општина Новаци.

-Првиот проект кои што беше, беше проектот „Европа за граѓаните“ каде што општина Новаци со една општина од Грција, Бугарија и Албанија работевме на размена на искуства и соработка како и надградба на искуства и знаења. Потоа следуваше проектот кои го работевме со една општина од Грција и општина Битола во врска со трансфер на централното греење кое кај нас е доста применливо бидејќи знаеме дека во општина Новаци се наоѓа „Рек“ и се разбира тој проект можеме да го примениме сега во отпочнување на големиот капитален проект за централно греење и оранжериско греење, потоа следуваше проектот „жива историја, жива природа, за зачувување на историското наследство, истакна Чукалевска.

Таа истакна дека во рамките на општината се оствариле и многу други проекти.