Македонија 26. јануари 2021. / 09:22

Чибишев: Врв на неспособноста и неорганизираноста е дека немаме ниту план за вакцинација

Чибишев: Врв на неспособноста и неорганизираноста е дека немаме ниту план за вакцинација

Чибишев додаде дека македонските граѓани од власта добија некакво ветување дека од своите резерви пријателски држави од ЕУ како што се Грција, Полска, Австрија и други ќе дале на Македонија. Тоа пропадна, после тоа Бугарија вети дека исто ќе отстапи од своите резерви, за да и даде на Македонија. Па потоа, многу пластично бугарскиот министер за здравство кажа дека тоа ќе го стори откако ќе го имунизираат нивното население.

-Но ако се чека Бугарија да го имунизира нивното население, за да ние од нив добиеме вакцини тоа значи дека ќе биде следната година. Па потоа Србија вети дека ќе даде 8.000 дози, па српската премиерка излезе по ден – два за да каже дека Македонија не може да ги добие вакцините бидејќи вакцината на компанијата „Фајзер“ не е регистрирана во нашата земја. И така Македонија се уште ја нема добиено првите дози на вакцини за против КОВИД-19. Плус, што е уште потрагично и врв на неорганизираноста, неспособноста и несериозноста е дека немаме ниту план за вакцинација. И сега утрово читам по медиумите дека ние сме заинтересирани за кинеската вакцина – рече Чибишев.