Македонија 28. мај 2020. / 15:54

Четворица новозаразени во Штип, се дезинфицираат влезовите на текстилните фабрики

Четворица новозаразени во Штип, се дезинфицираат влезовите на текстилните фабрики

Штипскиот градоначалник Благој Бочварски, информира дека општина Штип остварила комуникација со Министерството за здравство, со неколку сопственици на текстилни фабрики, со здружението за заштита на работничките права „Гласен текстилец“, Клиничка болница Штип и со Центарот за јавно здравје и ги насочиле капацитетите кон заштита на здравјето на граѓаните.

Според денешните податоци од Центар за јавно здравје на територија на Општина Штип има четири нови позитивни случаи од кои два се од истата текстилна компанија. Општинскиот штаб за заштита и спасување со своите служби беше на терен и почна со дезинфекција на влезовите пред текстилните фабрики. Упативме апел до угостителите да побараат поддршка за дезинфекција на нивните надворешни тераси и влезови пред отворањето, и секако за поддршка во дел на дезинфекција на автобусите. Нашите волонтери беа на терен пред конфекциите и делеа заштитни маски на текстилните работници. До денеска имаме поделено вкупно 23.000 заштитни маски на институции и граѓани – соопшти Бочварски.

Тој информира дека волонтерите досега извршиле услуги на вкупно 258 стари и изнемоштени лица и апелираше тие да продолжат да ги користат нивните  услуги.