Македонија 17. јануари 2019. / 22:46

Чавушоглу: Со нетрпение ја очекуваме Македонија во НАТО

Чавушоглу: Со нетрпение ја очекуваме Македонија во НАТО

Турција со нетрпение очекува да и посака добредојде на Република Македонија во семејството на НАТО, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на заедничката прес-конференција во Анкара по средбата со неговиот македонски колега Никола Димитров.

Чавушоглу нагласи дека стабилноста на Македонија е клучна за стабилноста на Балканот, на што Турција придава големо значење и обезбедува поддршка за економски раст. Прашан за Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, Чавушоглу рече дека Турција ќе ја почитува одлуката на македонскиот Парламент. Тој се заблагодари за поддршката што Македонија и ја дала на Турција за време на обидот за државен удар.