Македонија 17. декември 2020. / 23:05

Бугарија се жали од блокадата на Чешка и Словачка

Бугарија се жали од блокадата на Чешка и Словачка

Бугарија реагирала на блокадата на заклучоците за проширувањето на Западен Балкан во Советот на ЕУ од страна на Чешка и Словачка, објави Телевизија 24.

Испратена е позиција од официјална Софија, до сите останати 26 земји- членки на Унијата, каде Владата на премиерот Бојко Борисов жали за неочекуваната блокада на вчерашните заклучоци.

Во нивната позиција велат дека ветото од Прага и Братислава го нарушува кредибилитетот на ЕУ.

Чешка и Словачка не се согласуваат со одобрените заклучоци за Западен Балкан од страна на амбасадорското тело КОРЕПЕР, вчера во Брисел, каде се зборува за погрешно толкување на историјата.