Македонија 14. јуни 2019. / 19:55

Бугарија сака Македонија и Албанија да преговараат во пакет за членство во ЕУ

Бугарија сака Македонија и Албанија да преговараат во пакет за членство во ЕУ

Бугарски пратеници од собраниската комисија за надворешни работи на денешниот форум „Зацврстување на капацитетот и продлабочување на соработката за интеграција на Западен Балкан во конкуретна и социјална Европа“ истакнаа дека позицијата на Бугарија е против разделувањето на Македонија од Абанија во преговарачкиот процес за членство во Европската унија, пренесува 24 Часа.

Но од таму велат дека не можат да го сопрат ветото од Холандија и Франција, така што на повидок е да се растури овој „пакет“.

За пратеничката Џема Грозданова тоа е сепак разбирливо, бидејќи политичката клима и ситуација во двете земји е различна.

Добро е тоа што наскоро во Европската комисија ќе се решава дали во иднина одлуките за надворешна политика ќе се носат со консензус, односно вето, или пак со двотретинско изгласување, рече Грозданова.

Од друга страна „пакетот“ Црна Гора – Србија треба да биде растурен, затоа што втората земја ќе ја забави интеграцијата на првата додека преговара со Косово.