Македонија 08. јуни 2020. / 10:43

Бугарија денеска се сеќава на „загинатите за Македонија“

Бугарија денеска се сеќава на „загинатите за Македонија“

На 8 јуни, православните христијани го слават Светиот Дух, едно од трите лица на Светата Тројца. Но, во секуларниот календар на Бугарите, овој црковен празник се одбележува и како Ден на загинатите за слободата на Македонија, објави БГНЕС.

Како што пренесува агенцијата, неговото одбележување датирало од 1923 година, а причина за тоа е годишнината од смртта на војводата-поет Лубомир Вецов, кој починал во битка со српските востаници една година порано. Иницијативата потекнува од македонската студентска организација „Вардар“, чие раководство од основањето во 1920 година го вклучи и самиот Вецов. На овој ден се одава почит и на војводата Илија Кушев.

Во 1927 година, сите бегалски организации во Софија едногласно одлучиле дека Духовден треба да биде Ден за Македонија. Во првите години во Софија се одржувале големи поворки, со учество на десетици илјади луѓе.

По долгата 50-годишна пауза за време на социјализмот, денес денот се слави многу поскромно, во само неколку одделни организации.

На овој ден мора да ги наведнеме главите и да им оддадеме почит на душите на сите Бугари, кои ги оставија своите коски на боиштата и ги загубија своите животи за слободата на своите сонародници од Македонија, порачува БГНЕС.