Македонија 08. август 2018. / 20:43

Божиновски: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ докажува дека Мицкоски ја консолидираше партијата, и тој ќе продолжи да расте

Божиновски: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ докажува дека Мицкоски ја консолидираше партијата, и тој ќе продолжи да расте

Во отвореното студио на Алфа телевизија своите ставови за актуелните рејтинзи кои ги објави МЦМС каде се покажува раст на рејтингот на ВМРО ДПМНЕ од 3.4 %и пад во довербата на СДСМ од над 1 %, дебатираа аналитичарите Владимир Божиновски и Александар Кржаловски.

Аналитичарите се согласни дека вистинското расположение за договорот со Грција и крупните афери ќе се ефектуираат на следното мерење на анкетите од септември бидејќи искуството покажува дека реалното расположение за состојбите доаѓа со задоцнување од 2 до 3 месеци. Она што резултира со зголемен рејтинг на ВМРО ДПМНЕ пред сè се должи на активизмот на партијата и консолидирањето на партијата кое го направи Мицкоски.

Аналитичарот Владимир Божиновски пак истакна дека владата на СДСМ набила преголеми очекувања кај граѓаните, особено кај оние неопределените кои во голем број не гласале за сегашната власт туку против ВМРО-ДПМНЕ. Божиновски вели дека сега кога СДСМ има апсолутна централна и локална власт, фрустрацијата на граѓаните е право пропорционална со неостварените ветувања. Тој напомена дека имало момент во изминативе месеци, во период кога се намалила фрекфенцијата на информации околу името се случи аферата со пајакот, како и серија на други афери кои исто така ги фрустрирале гласачите. Божиновски за крај заклучи дека сега ВМРО-ДПМНЕ се консолидираше, ВМРО-ДПМНЕ сега креира програма, нови политики, нови решенија и на тој начин може да се очекува дека ќе привлекува уште повеќе нови гласачи.

Според аналитичарот Александар Кржаловски допрва ќе се почувствува на анкетите ефектот од аферите кои сега се случуваат и се врзани со власта и нејзиното работење.