Македонија

Бошњаковски: За прв пат се набавуваат лубриканти со државни пари! (ВИДЕО)

Бошњаковски: За прв пат се набавуваат лубриканти со државни пари! (ВИДЕО)

На денешната прес-конференција Миле Бошњаковски беше запрашан зошто се прави набавка на лубрикантите и зошто се издвојуваат толку средства од буџетот за таа намена.

Ви го премесуваме целосниот одговор на портпаролот на Владата.

-Стигматизацијата што се случи вчера е целосно неочекувана и штетна за процесите кои се одвиваат во Република Македонија. Се работи за лекување на наши сограѓани, на наши роднини, на луѓе кои што живеат до нас, на луѓе кои што живеат со ХИВ вирусот. Овие средства се обезбедени во рамки на програмата на министерството за здравство за заштита на населението од ХИВ инфекцијата за 2018 година. Најголем дел од овие средства се трошат за антиретровирусна терапија и тестови за следење на ХИВ инфекцијата. Тоа се наши сограѓани кои што живеат со ХИВ вирусот кои што треба да бидат перманентно лекувани и третирани. Значи секоја нивна стигматизација е целосно погрешна и дискриминирачка. Мал износ од средствата се прераспределуваат по јавни здравствени установи и невладини организации избрани на јавен повик преку министерството за здравство кој во рамките на своите програмски активности вршат услуги од типот на бесплатно советување и тестирање. Лубрикантите се дел од основниот пакет за превенција во соглсност со светските стандарди пропишани од програмата на СИДС на ОН уште од 2005 година. Лубриканти се набавуваат во континуитет во Македонија, 12 години наназад. Единствената разлика е што досега други ни ги купуваа, значи претходната влада дозволила друг да се грижи за македонските граѓани кои што без овие лекови не би можеле да преживеат. Од оваа година ние самите, од нашиот буџет се грижиме за нашите граѓани. Исто така целосно е неточно дека енормлно се зголемило трошењето за оваа програма. Во последниве пет години трошењето се движело од 116 милиони денари во 2014 година до 150 милиони денари во 2016 година. А минатата година изнесувала 65 милиони денари, и ова е неточно – истакна Бошњаковски.