Македонија

Бошњаковски: Премиерот Заев има помалку советници од Груевски и се помалку платени

Бошњаковски: Премиерот Заев има помалку советници од Груевски и се помалку платени

Премиерот Зоран Заев има 54 советници, за кои платите изнесуваат тројно помалку од износот што го трошела претходната влада на Никола Груевски за советниците, во периодот од 2010 до 2016 година.

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на денешната прес конференција појасни дека не е точна информацијата дека премиерот има премногу советници.

-Советниците се секојдневно на работа согласно нивните договори, дел од нив се во секторот за односи со јавност. Надворешните соработниици, пак, работат по потреба на одредени активности. Со дел се имам видено во Владата, не се работи за фиктивни луѓе или фантоми, туку имаат имиња и презимиња. Работат постојано и присутни се, рече Бошњаковски.