– Градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев денеска во писмена изјава до Советот на општина Ново Село побара неотповиклива оставка од функцијата, поради морални причини.
Основното јавно обвинителство од Струмица вчера побара градоначалникот Боро Стојчев, да се упати на издржување на казна затвор од две години за кривично дело за кое бил осуден во 2015 година.
Барањето на струмичкото Обвинителство е доставено до Основниот суд во Струмица, а оттаму информираат дека по него ќе одлучува кривичен совет.
Боро Стојчев на 10 јули годинава беше фатен како шверцува цигари. За ова кривично дело Основниот суд во Струмица му изрече казна затвор во траење од 18 месеци, По жалбата на одбраната Апелацискиот суд во Штип ја намали казната на шест месеци затвор.