Македонија 02. јули 2019. / 15:24

Борјан Јовановски побара оставка од ген-секот: Извинувањата до „небо“ не може да го спасат Рашковски

Борјан Јовановски побара оставка од ген-секот: Извинувањата до „небо“ не може да го спасат Рашковски

Провладиниот новинар Борјан Јовановски побара оставка од генералниот секретар Драги Рашновски, откако денеска се закани дека ќе ги тужи новинарите и медиумите кои обајвија за скандалот со М-Нав и рече дека нема да сноси никаква одговорност за навредата кон Ромите.

Јовановски побара Рашковски да даде оставка поради непристојниот вокабулар кој го користи за другите етнички заедници и нации.

Рашковски во „бомбата“ се слуша како го користи зборот „Џигани“ упатувајќи на одредено однесување кое е дел од предрасудите, со кои ние постојано се бориме за нашите сограѓани Роми да можат да ги уживаат истите права и слободи, без дискриминација.

– Извинувањата до “небо” не може да го спасат генералниот секретар на Влада од неговата морална и политичка одговорност за непристојниот вокабулар користен во однос на други етнички заедници и нации. #оставка. – напиша Јовановски на Твитер.