Македонија 02. август 2018. / 17:52

Борисов до Заев: Се чувствува напредок, станувате Бугари!

Борисов до Заев: Се чувствува напредок, станувате Бугари!

Само една година откако го потпишавме Договорот за пријателство, соработка и соседство, веќе се чувствува позитивен резултат во нашите заемни односи, изјавил премиерот на Бугарија Бојко Борисов за време на средбата со македонскиот премиер Зоран Заев попладнево во Благоевград, каде што се одбележуваат 115 години од Илинденското востание.

Повикувајќи се на прес-службата на бугарската Влада, Бугарската новинаска агенција-БТА пренесува дека Борисов искажал задоволство од новиот дух на соработка кој, како што рекол, заживеал трајно во односите меѓу Бугарија и Република Македнија по потпишувањето на Договорот.

Двајцата премиери попладнево учествуваат на заедничко чествување на 115-годишнината од Илинденското востание пред споменикот на Гоце Делчев на плоштадот „Македонија“ во Благоевград.  Тоа е втора заедничка прослава, по потпишувањето на Договорот за пријателство, соработка и соседство меѓу Република Бугарија и Република Македонија пред една година.

На чествувањето учествува и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а од бугарска страна – министерот за одбрана Красимир Каракачанов и градоначалникот на Благоевград Атанас Камбитов.