Запрашан за став по референдумот во Македонија, бугарскиот премиер, Бојко Борисов, во изјава за бугарската национална телевизија БНТ, рече дека Бугарија не треба да се меша во внатрешните работи на Македонија и оти секој народ сам си го избира патот по кој треба да се движи.
„Секој народ сам си ја определува судбината. Би можел само да кажам дека ние ги поддржуваме нашите соседи на патот кон ЕУ и НАТО. Оставам на македонските поклитичари да проценат по кој пат треба да се движат. А, ние секако ќе ги поддржиме“, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.