Македонија 23. февруари 2020. / 16:15

Бомбата на Зaев се оствари: Лобира за враќање на случајот на Мијалков

Бомбата на Зaев се оствари: Лобира за враќање на случајот на Мијалков

Бомбата за мафијата на Заев е вистинита, постојат случаи коишто не добија правна разрешница и се вратија на повторно судење.

Законот за јавно обвинителство покрај тоа што овозможува да продолжат сите започнати судски процеси по предметите на СЈО дава можност во игра да се вратат и досиејата кои се во истрага.

Скопска апелација во декември 2019 година ги укина пресудите на СЈО за предметот „Титаник 2“ против Сашо Мијалков, Мендух Тачи, Бедредин Ибраими и тројца поранешни членови на државната изборна комисија од ВМРО-ДПМНЕ. Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков во март годинава беше осуден на три години затвор во случајот „Титаник 2“ за манипулации на локалните избори 2013 година. Предметот ќе биде вратен на повторно судење поради како што беше образложено, имало суштински повреди на постапката.

Исто така „Империја“ е еден од поголемите случаи во кој се истражува финансискиот криминал на Орце Камчев, Сашо Мијалков и на уште десетина други. токму во овој случај многу добро се гледа спрегата меѓу СЈО и Врховен.

Судот и СЈО првично не ја прифатија и гаранцијата на Јордан Камчев вредна околу 14 милиони евра за да излезе од затворски во куќен притвор, Но, само две недели подоцна, на крајот на декември, СЈО самоиницијативно се премисли и наместо дотогашниот затворски, побара куќен притвор за осомничените во овој предмет. По бурните реакции во јавноста, поради ненадејното излегување од притвор на Камчев, Мијалков, Панделески (27 декемрви 2018 г.), обвинителката Катица Јанева се појави на интервју на Канал 5 (29 декември 2018 г.) во обид да го оправда својот чекор. Образложението беше дека успешно се прибрани сите докази и потребни сведочења.

Камчев излезе и од куќен притвор. Тој и други осомничени во „Империја“ беа првите што се офајдија од начелното правно мислење на Врховниот суд од крајот на јануари, според кое, СЈО не е овластен тужител во предметите за кои не е поднесено обвинение до 30 јуни 2017 година. А „Империја“ е токму таков предмет. Ставот на Врховен ја направи судбината на предметот крајно неизвесна, но СЈО никогаш не се обиде да ги тестира пониските судови и да поднесе обвинение. „Империја“, како и други истраги, останаа да чекаат нов закон за СЈО, кој треба да го реши и статусот на „новите“ истраги на СЈО.

А, од ова, пак, се гледа зошто заев толку инсиситираше и брзаше да се донесе закон за ЈО.

Такво нешто кажа и Милошоски на денешната прес-конференција, рече дека Заев не само што бил премиер, туку бил и врховен судија и специјален јавен обвинител. Тој уште рече дека снимката може да се види зошто на Заев му се брзало да го донесе законот за ЈО, за во иднина сите овие „бомби“ да не може да бидат докази.