На денешната седница на ЦО на СДСМ е променет претседавачот на Централниот одбор Пеце Мирчески, дознава 24 Инфо.
На негово место е поставена Соња Карапеч од Битола. Таа е директор на Студентскиот дом ”Кочо Рацин” во Битола. На дневен ред се и внатрешнопартиските избори, односно начинот и критериумите за избор на функционери на Општинските организации на СДСМ.
Најавената “метла” е предвидена за крајот на седницата, кога на ред е петтата точка од дневниот ред-тековни и кадровски прашања.