Поранешниот пратеник и новинар Сафет Бишевац во гостувањето во радио емисијата „Утро со Златев“ говорејќи дали нешто ќе се променеше доколку успееше да влезе во Собранието вели дека тешко дека нешто ќе се променеше во однос на владеачката гарнитура, но додава дека тоа ќе значело ново поле на борба против овој систем.
-Македонија од заробена држава се претвора во замолчена држава. На многумина тоа во овој момент не им е јасно. Но, прашајте ги оние што работат со јавноста ќе ви кажат со кави проблеми практично се соочуваат во својата работа доколку на некој начин се обидат макар и со блага критика да се спротистават на власта, вели Бишевац.