Новинари и уредник во медиуми блиски на СДСМ тврдат дека партијата на власт односно медиумските стратези на Зоран Заев вршат невиден притисок сите медиуми на кои што може да се влијае, да не објавуваат ништо за новата афера која ја откри италијанскиот весник „Ла Верита“, пишува „ЕКСПРЕС.МК“.
Дел од нив запрашани зошто со часови не објавуваат за очигледно атрактивната и аргументирана информација на Ла Верита срамежливо велат дека наредбата е дојдена од највисоко ниво, дека уредниците се засрамени што не смеат да објават но во исто време и уплашени.
Случајно или не ниту еден од медиумите кои важат за блиски на СДСМ или за нивни поддржувачи не објавуваат ништо за изборните криминали од страна на „криминалната банда“ за која пишува „Ла Верита“.
Иако веста ја објавија дваесетина медиуми кои се дел од агрегатот тиме.мк на насловната страница на оваа платформа нема ниту една информација за скандалот во кој е инволвиран Заев.