Македонија 23. февруари 2020. / 11:46

(АУДИО БОМБА) Заев признава дека договарал судски пресуди!

(АУДИО БОМБА) Заев признава дека договарал судски пресуди!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски од партиското седиште објави нова „бомба“ за која рече дека ја добил од укажувач.

Според Милошоски на објавената снимка се слуша гласот на Зоран Заев, кој веќе за првопријавениот разговор потврди дека се работи за негoвиот глас.

„Заев како премиер во присуство на други лица дава експлицитно јавен исказ дека договарал одлуки со Врховниот суд, што е мешање во судкта власт и флагрантно кршење на законте. Бил во тесна врска со Катица Јанева која не можела да настапува самоволно. Јасно се гледа зошто му се брзаше на нелегален начин да се донесе законот за јавно обвинителство“, рече Милошоски.

Оваа снимка укажува на тоа, како што рече, зошто на Заев му се брзало да го донесе законот за ЈО, за во иднина сите овие „бомби“ да не може да бидат докази.