Македонија 21. јули 2019. / 15:07

Арсовски: СДСМ и Заев ги кријат раководните луѓе од врвот на СДСМ кои рекетирале преку СЈО

Арсовски: СДСМ и Заев ги кријат раководните луѓе од врвот на СДСМ кои рекетирале преку СЈО

Катица Јанева заедно со нејзиниот син Лазар Јанев и Боки 13 рекетирале, уценувале и вршеле притисоци врз бизнисмени и политичари, посочи денеска на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој нагласи дека и ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски биле предмет на уцени и притисок од Катица Јанева.

СДСМ и Заев по цена на штета на сите граѓани, ги кријат и се обидуваат да ги заташкаат раководните луѓе од врвот на СДСМ, што рекетирале преку СЈО или т.н Кики и Фрики, кои што се уште им го кријат идентитетот – посочи Арсовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа одговор и на тоа каде е Катица Јанева и дали е направен распит на нејзе и на нејзиниот син, што се е откриено во телефонот на Катица Јанева и дали навистина другиот телефон го фрлила низ прозор при запленувањето на првиот.