Македонија 04. ноември 2020. / 09:40

Арогантноста, мангуплакот и ПР-от на Филипче не ја решаваат епидемијата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Арогантноста, мангуплакот и ПР-от на Филипче не ја решаваат епидемијата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија со Филипче и Заев бележи црни рекорди.

Последните биланси се 913 новозаразени и 24 мртви. Дури Филипче смислува хумористични видеа за социјални мрежи, 24 семејства изгубија свои блиски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение.

Ако ова не е причина Филипче да поднесе оставка, тогаш значи човекот е опериран од одговорност, се вели во соопштението.

Се додава дека Македонија има најголема смртност во регионот и пошироко и дека веројатно сме единствена земја во светот во која донирани тестови министерството за здравство им ги продава на граѓаните.

Во Македонија здравството Филипче го колабираше до степен граѓаните со денови да чекаат за КОВИД тестирање, а хронично болните и оние со тешки болести не можат да добијат елементарна здравствена заштита затоа што здравствените власти не знаат да менаџираат со кризата, велат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Арогантноста, мангуплакот и ПР на Филипче не ја решаваат епидемијата. Народот нема никаква корист. Филипче и Заев ја водат Македонија кон пропаст, кон ломбардиско сценарио, а народот тоа го плаќа со своето здравје и своите животи.