Македонија 26. јуни 2019. / 13:28

АНКЕТА: Забрзано тоне довербата во владата на Заев!

АНКЕТА: Забрзано тоне довербата во владата на Заев!

Над половина од граѓаните на Македонија не ја одобруваат работата на Владата, покажува најновата анкета изработена од М-Проспект.Според неа, 51.2% од граѓаните не ја одобруваат работата на Владата, додека поддршка и даваат 43,8% од граѓаните. Најлошо е оценета борбата со организираниот криминал и корупција. Над 59% од граѓаните не ја одобруваат работата на Владата во оваа област.

Повеќе се перцепирани како позитивни надворешните политики (45%), додека само 37.6% одобруваат економски политики. Најмалку одобрување има на работата на Владата во однос на борбата против корупцијата и криминалот (34.9%). Во склад со тоа е и најниското оценување на реформите во Судството (2.18) и борбата против корупција (2.18). Реформите во јавната администрација се оценети со средна оценка 2.35.

Нешто подобро се оценети реформите во безбедносните служби (2.52).Министерството за надворешни работи си ја врши својата работа најдобро (9.5%), а за 16.8% од испитаниците министерството за здравство најлошо ја врши својата работа.Испитаниците покажуваат ниско ниво на доверба кон СЈО (57.1% недоверба кон институцијата).Анкетата на М-Проспект е спроведена во периодот од 15 мај до 7 јуни годинава врз репрезентативен примерок од 1000 испитаници. Целата анкета погледнете ја во продолжение.