ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на предвремените парламентарни избори со 20,8% разлика пред коалицијата на СДСМ-БЕСА кои имаат поддршка од 16,8% од испитаниците, според анкетата која ја спроведе Институтот „Habeas Corpus“ кој разработува прашања од правниот и политички систем направи анкета на јавното мислење врз стратификуван примерок од 1 203 испитаници во периодот од 29 јуни до 03 јули 2020 година
Според анкетата на Институтот „Habeas Corpus“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски со поддршка од 21,6% ќе го победи лидерот на СДСМ Зоран Заев кој во Изборната Единица 4 има поддршка од 18,9%.
При истражувањето се водеше сметка на етнографската карта, демографската застапеност, полот и возраста на испитаниците. Воедно се водеше сметка и при влезот на анкетниот прашалник и резултатите од последните парламентарни избори. Анкетата се спроведе телефонски со употреба на фиксната и мобилна телефонија. Резултатите се со можност за грешка +-2. А нарачател на истата е Институтот ‘Habeas Corpus’ и истите се користат за потребите на интерните истражувања од политичка и социолошка природа – велат од Институтот „Habeas Corpus“.